Ник Кенон и Мараја Кери важат за една од најстабилните двојки во Холивуд, а сега ја открија и тајната како го чуваат нивниот брак.
На прашањето која е тајната за нивниот совршен љубовен живот, Кенон едноставно одговорил:
– Често имаме секс.
Оваа двојка божикните и новогодишните празници ги помина на зимување во Аспен.
– Беше одлично. Секоја година одиме таму. Одиме таму како би имале наша зимска магија. Јас на сите им велам дека мојата работа како водител е она што единствено ме одмора. Не дека се враќам дома уморен, на мене е оставено само да бидам креативен – вели Ник Кенон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.