| четврток, 6 декември 2018 |

ПСВ славеше во дербито на Холандија

Во дерби пресеметката во Холандското фудбалско првенство кое се одигра на Амстердам арена, ПСВ славеше на гостувањето против Ајакс со 3-1.
Целиот натпревар помина во доминација на домаќините кои ја контролираа играта и имаа голем број на стопроценти шанси, но само еднаш успеаја да го совладаат денеска одличниот гостински голман Зое.
Поведе Ајакс со голот на Ел Гази уште во првото полувреме уште во 16 минута. Нападите кон голот на ПСВ продолжија до крајот на првиот дел, но избраниците на Франк Де Бур не успаја да ја материјализираат целосната доминација.
Вториот дел продолжи како и првиот. Се редеа шанси пред голот на ПСВ како на филмска лента. Топката никако не сакаше да влезе во мрежата за поголема предност.
Откако голманот Зое успеа да одбрани една топка од гол линијата, се разви контра за ПСВ и по само 15 секунди од шансата ја Ајакс го измранија резултатот преку Депај кој несебично беше прогиран од Нарсинг во 52 минута. Токму Нарсинг беше творец за целосниот пресврт на Амстердам арена откако постигна гол во 63 минута.
Тренерот на ПСВ Филип Коку го повлече од игра најдобриот играч на теренот Нарсинг, а неговата замена Џозефсон беше стрелец за конечен резултат 3-1 во 86 минута.
Играчите на Ајакс може да жалат за испуштената шанса да победат во дербито и да се одлепат на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top