
Клубот за кој настапува најдобриот македонски ракометар, Кире ЛАзаров, актуелниот шампион на Шпанија, Барселона ја тргна сезоната со трофеј откако во Суперкупот триумфира над Гранолерс (37-22).Избраниците на Чави Пасквал одиграа фантастичен меч и сосема заслужено дојдоа до трофеј пред стартот на домашниот шампионат. На полувремето резултатот на семафорот гласеше 15-12, додека во вториот дел разликата стануваше сѐ поголема за на крајот да изнесува високи петнаесет гола.
Најефикасен поединец во редовите на Барселона беше токму Лазаров кој постигна шест гола (еден од пенал), додека кај Гранолерс најмногу се истакна Толедо кој исто така постигна шест погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


