| четврток, 6 декември 2018 |

Кога децентрализацијата звучи како федерализација

merkel porosenkoАнгела Меркел го добјаснуваше во Киев нејзиниот вицеканцелар Зигмар Габриел, кој всушност зборејќи за федерализација на Украина, мислел на децентрализација.

Габриел, кој е и германски министер за економија, во интервју за германски медиум вели дека „територијалниот интегритет на Украина единствено може да се зачува со федерализација“.

-Украинскиот територијален интегритет може да се сочува само ако се понуди нешто на регионите каде мнозинството се Руси, односно концептот на федерализација е единствен начин.

Овој коментар на Габриел одекна во Европа заради зборот0„Федерализација“, што е осетлива тема за Украина.

Меркел денеска во Киев објаснуваше дека поимот „Федерализација“ за Германците е многу различен од тоа како го разбираат во Украина каде се врзува со голем степен на независност.

– Тоа што ние го нарекуваме федерализација е всушност децентрализација- вели Меркел, додавајќи дека го поддржува планот на Порошенко за поголема одговорност на локалните власти како дел од дипломатско решение за конфликтот во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top