
Камиони од рускиот хуманитарен конвој, кој навлезе во Украина вчера биле натоварени со опрема од воените фабрики во Украина, изјави портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко.
Тој прецизираше дека опремата била земена од фабриката „Топаз“, која произведува радарски системи „Колчуга“ и од фабрика во Луганск, која произведува шаржери за огнено оружје.
Раководителот на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Пол Пикар соопшти од рускиот граничен премин Доњецк дека сите камиони од рускиот хуманитарен конвој се вратиле во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


