Во првиот натпревар од новата сезона во германската Бундес лига се сретнаа минатогодишниот шампион Баерн Минхен и Волфсбург. Баерн успешно ја започна одбраната на титулата со победа од 2-1.
Најдобриот играч на вчерашниот меч Холанѓанецот Арјен Робен беше асистент за првиот гол и стрелец на вториот за баварците.
Робен во финишот на првото полувреме во лесно продре по десната страна и го понајде во Томас Милер на кого не му беше тешко да затресе мрежата од непосредна близина од голот на Волфсбург.
Во вториот дел самиот Робен беше стрелец на гол откако ја надмудри целокупната одбрана на гостинот и успешно ја смести топката во мрежата.
Поранешниот играч на Баерн Ивица Олиќ со прекрасен удар успеа да го совлада Мануел Ноер и да го намали резултатот на 2-1. Сепак во финишот домаќините беа тие што имаа повеќе од играта и можеа многу лесно и поубедливо да победат, но ударите Шакири, Робен и Бернарт не завршија во мрежата на гостинскиот голман.
Денеска се игра дербито на првото коло, се среќаваат Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен.
Ivica Olic, Bayern Münih Ağlarını Sarstı by sondakika
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



