| четврток, 6 декември 2018 |

За работата на соросовите инсталации во Македонија

До нашата Редакција пристигна писмо од граѓанин револтиран од Соросовите инсталации во Македонија и распределбата на пари од Европските фондови.

Во продолжение го објавуваме интегрално писмото.

Почитувани медиуми,

Ве молам да го објавите овој мој допис како реакција на работата на Соросовите инсталации во Македонија и распределбата на пари од Европските фондови.

Фондацијата МЕТАМОРФОЗИС, заедно со нејзините сателити РЕАКЦОТ и МЦЕД во текот на месец јуни 2014 распиша јавен повик за доделување на мали грантови на невладини организации (од 3 до 5 илјади евра) за проекти кои треба да се спроведат најмногу за 5 месеци до крајот на 2014 година кои ќе бидат јасни и ефективни а генерална тема е ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ.

Повеќе информации за повикот и условите може да се најдат на нивната веб страница: http://dobrovladeenje.mk/ каде што јасно пишува дека резултатите ќе бидат објавени до 27 јули 2014 година.

Но, во рокот за ова објавување, извесна Елена Игнатова од Метаморфозис испрати мејлови до сите апликанти дека жири комисијата побарала дополнително време и резултатите ќе бидат објавени на 15 август 2014 година. Значи внимавајте: до 15 август, така е корегирано и на страницата на повикот.

Но, 15 август беше минатиот петок, а Метаморфозис ниту објави резултати ниту ги извести апликантите зошто не ги подели ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ, кои им се дадени од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FASILITY (CSF) 2012-2013 година.

Официјално молчат и не даваат одговор зошто нема резултати, но неофицијално, наводно жири комисијата (иако однапред требало да се знае кој ќе добие) се искарала и не можела да се усогласи кој е поголем СОРОСОИД и на кого да му дадат пари.

Затоа сеуште нема резултати, а не се знаи ни дали ќе има. Проектот Метаморфозис кој претходно беше дел од СОРОС, а сега е издвоен како посебна ФОНДАЦИЈА ги добила овие пари преку гореспоменатиот проект на ЕК, за времетраење од 18 месеци, во ке време влегува и завршувањето на овие проекти.

Јасно е дека МЕТАМОРФОЗИС и неговите сателити организации немаат капацитет да ги спроведат проектите од каде се поставува прашањето: КОЈ ГИ ИЗБИРА ВО ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ваквите организации и им доверува ЕВРОПСКИ пари на располагање.

Истата Елена Игнатова која е главна за овој проект е главна и на нивниот проект ВИСТИНОМЕР  каде што се анализираат изјави од политичари и нивните ветувања, што е сервис директно насочен само против функционери на власта, пандан на Сервисот за проверка на факти, кој го води извесен Владимир Петревски, соработник на Геровски и кој од петни жили се труди да ги одбрани Соросоидите нарачувајќи рецензии на сите текстови што се објавуваат за опозицијата од Курир, Република, Нетпрес, Прес 24, ама затоа на нивниот т.н. сервис за проверка на факти нема ниту една рецензија за Плус инфо, Слободен печат и други опозициски портали.

Во исто време оваа фондација МЕТАМОРФОЗИС која не може да ги подели грантовите на ЕУ, ги доби најголемите пари, 150 илјади евра официјално ( а дополнително им одобриле повеќе) за формирање на НОВИНСКА АГЕНЦИЈА која треба да емитува само опозициски вести. Таа агенција требаше да почне со работа од јануари 2014 година, но од тоа нема ништо иако парите добиени според повикот од ХОЛАНДСКАТА амбасада се наменети за поддршка на медиуми во 2014 година. Годината заврши а тие не се ни почнати, затоа и Холандската амбасада треба да одговори, како им даде толку пари на луѓе кои немаат ништо заедничко со новинарство а ќе бидат новинска агенција.

Имаа распишано и оглас за новинари кој бил само формален, зашто се им било веќе поделено. Главен уредник ќе бил Зоран Андоновски, а во тимот ќе бидат Сашо Ордановски, Ерол Ризаов, Тамара Чаусидис (која во октомври ќе се повлече од Синдикатот), Зоран Бојаровски (член на црквата на Јован Вранишковски и негов промотор), Владимир Мирчевски и други опозициони новинари…

Е тоа се тие СОРОСОВИ инсталации кои грабаат пари, за кои не се знае каде и за кој завршуваат.

Во благодарам

Александар Трајков

Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top