Турската актерка Нил Еркочлар го смени полот и сега се вика Рузгар и зборува за живот како жена. Нил била родена како женско но цел живот тежнеела да биде маж. 26 годишната актерка по која копнееја мажите сега е маж со сите одлики–движењата, чекорот, зборувањето – пишува весникот Хуриет
Чувството дека е поинаква го осетила уште на 6 години, мразела кукли и фустани, а потоа во пубертетот се вљубувала во девојчиња. Убавина која ја поседува како жена не претставува ништо. „Живеев како што општеството очекуваше од мене а не како што се чувствував одвнатре“ – вели Рузгар. За операцијата вели дека била болна и тешка, но со неа го ослободува товарот носен 26 години – маж заробен во женско тело. Направил мастектомија а пришиен му е и пенис. Рузгар вели дека е среќен што нема да мора да ги крие девојките, бидејќи ни како девојка никогаш не успеал да се вљуби во маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


