Денеска словенечкото радио објави дека Патрик од мостот успеал да ја најде својата изгубена Македонка

Германецот Патрик успеал да стапи во контакт со Македонката што ја бараше преку оглас, а во која се заљуби во Љубљана. Ова предмалку го објави словенечкото радио кое го пренесе огласот на Патрик на социјалните мрежи:
-Здраво прекрасна девојко од Македонија чии очи не можам да ги заборавам… Се сретнавме, зборувавме, се смеевме и танцувавме близу Тромостје. Премногу брзо мораше да заминам, а јас останав мислејќи дека повеќе нема да те видам. Тоа би било многу тажно! Единствениот начин да те најдам е преку Факултетот за општествени науки и се надевам дека ќе ја прочиташ оваа порака. Те молам, доколку сакаш, прати ми порака – пишува во дел од огласот преку кој Германецот се обидуваше да ја пронајде Македонката.
Патрик за Телеграф.мк раскажа дека Македонката ја запознал последниот ден од своето балканско патување на Тромостје, трите моста во центарот на словенечката метропола.

-Македонката што ја запознав во Љубљана е многу убава! Поминавме прекрасна вечер разговарајќи и танцувајќи по улиците. Има
светла коса, темни веѓи и, секако, очи кои хипнотизираат, како што напишав во огласот обидувајќи се да ја пронајдам – раскажа Германецот за Телеграф.мк

Приказната која потсетува на „Пепелашка“ предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Многумина му нудеа помош да ја пронајде, објавуваа љубовни песни…
Денеска словенечкото радио објави дека Патрик од мостот успеал да ја најде својата изгубена Македонка. Сега, оние што ја следеа романтичната сторија за Германецот вљубен во Македонката сакаат да ја видат на фотографија и да дознаат дали ќе има среќен крај. Засега, немаме одговор од Патрик, кој би ја задоволил љубопитноста на корисниците на „Фејсбук“ што ја следеа оваа сторија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


