| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон го одби ледениот предизвик

Поранешната „Плејбој“ зајачица Памела Андерсон јавно одби да учествува во ледениот предизвик. Причината е што таа организација тестира лекови и ги тестира медикаментите над животни.

– Сакам добар предизвик и секогаш е добро да се подигне свеста за нешто на креативен и забавен начин. Не сакам на никому да му го одземам ова право, но ова ме натера да размислам. Истражувајќи малку подлабоко, открив дека не сме усогласени во нашите пораки. Така, одлучив да ги предизвикам ALS да престанат да ги тестираат лековите над животни, напишала Памела меѓу останатото на нејзината „Фејсбук“ страна и објавила фотографија на која држи хартија на која пишува „Престанете со тестирање на животни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top