| четврток, 6 декември 2018 |

Три двојни убиства за еден месец

ubistvo-aerodrom-5

Три двојни убиства за само еден месец ја потресоа Македонија. Пред точно еден месец, на 22-ри јули во скопски Аеродром убиени беа две сестри, а убиецот 36-годишниот Игор С. во стан во Аеродром најпрво ја уби Наташа (34), а потоа и нејзината сестра Билјана (31).

Второто двојно убиство се случи на 14-ти август во Вевчани кога со огнено оружје усмртени беа Владо П. (43) и Мате Ѓ. (23), откако 56-годишниот З.С. пукал кон нив. Во нападот повредени беа уште две лица.Три двојни убиства за само еден месец ја потресоа Македонија. Пред точно еден месец, на 22-ри јули во скопски Аеродром убиени беа две сестри, а убиецот 36-годишниот Игор С. во стан во Аеродром најпрво ја уби Наташа (34), а потоа и нејзината сестра Билјана (31).

postar ubiec vevcani

Синоќешното двојно убиство во Охрид е третиот ваков регистриран случај за само еден месец. Триесет годишен охриѓанец, кој е во бегство, е осомничен дека со пиштол ги убил Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38), двајцата од Охрид. За овој случај полицијата уапси едно лице, а по осомничениот сторител се уште се трага.

ohrid 2

Црната статистика на полицијата за овие дела не завршува тука. На почетокот на годинава регистрирано е уште едно двојно убиство во Чаир, Скопје.

На 19-ти јануари 53-годишниот Тахир Ш., по претходна расправија ги застрела соседите, татко и син, Алаедин  А. (57) и Мустафа А. (28). Убиецот беше приведен, а кај него беше пронајден и пиштол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top