| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивно обраќање на Кејд Дејвис по заминувањето од МЗТ

MZT sampion 2014 08 (Custom)

Американскиот кошаркар Кејд Дејвис кој три години успешно ги бранеше боите на македонскиот шампион МЗТ Скопје си замина од клубот и потпиша за новиот грчки прволигаш Неа Кифисиа.
Тој е дел од тимот кој успеа да ја освои првата историската титула за „металците“ во нивната историја по осамостојувањето на Македонија. Дејвис летово не успеа да се договори за продолжување на договорот ос управата на клубот па експресно реши кариерата да ја продолжи во Грција.
Американецот преку својот фејсбук профил емотивно се раздели од клубот и навивачите.

mzt 2013 (18)

– Едно големо благодарам до МЗТ Скопје и до најдобрите навивачи на светот за прекрасните три години поминати овде. Им посакувам на сите мои поранешни тренери и соиграчи се најдобро и успех во понатамошните нивни кариери. Ќе ми недостасува Скопје и сите пријатели што ги стекнав за време на мојот престој тука. На МЗТ му посакувам исто така се најдобро во престојната нова сезона – напиша Кејд Дејвис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top