| четврток, 6 декември 2018 |

Самуел Ето пристигнува на Енфилд?

Според пишувањата на англиските медиуми, камерунскиот напаѓач Самуел Ето се наоѓа на чекор од потпишување на договор со екипата од Ливерпул.

Како што се шпекулираше и претходно, легендарниот 33-годишен напаѓач кариерата ќе ја продолжи во црвениот дрес на тимот од „Енфилд Роуд“.

Ето, кој минатата сезона ги бранеше боите на „сините“ од Лондон, најверојатно во текот на денот ќе го стави својот потпис на договорот со Ливерпул.

Екипата од Енфилд во текот на денот би можела да добие две засилувања, бидејќи денес официјално треба да биде претставен Марио Балотели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top