
Здраво, тевефанатици. Знаете дека е време за одмор кога дури „сурфате“ низ каналите ќе видите ваква реклама – „Ѕвездите на Гранд и во Македонија“. Гасете телевизор. Гасете интернет, доста е.
Кај во сѐ доцниме, па и во достигнувањето на дното сме со задоцнување од 10 години. Емисија која на соседите им здодеа толку дури да ја плукаат, по 10 сезони доаѓа и кај нас, па уште и се рекламира како – „Па, македонски народе, подгответе се за шоу со наследниците на Тања Савиќ, Силвија Недељковиќ, Дарко Филиповиќ, Славица Чуктераш, Душан Свилар, Дарко Лазиќ…“ Копи-пејс им напраив на имињата, искрено ја знам само Чуктераш. Ем што презимето ме потсетува на „чукање“ ем на времето се шушкаше дека имала свински грип. Тоа е, телевизор сум, полн со вакви тртушки.
Тртушки е пристоен збор во споредба со тоа како националните телевизии го нарекуваат осомничениот за убиството на девојчето од Србија. Да ве потсетам, драги колеги, спуштете ја топката, не сме во индиско село, страстите на страна и без „убиец“ додека не се докаже спротивното. Останатите нека смислуваат казни од кои и Менгеле би се исплашил, од вас се очекува повеќе. Толку.
Малиот брат
Малиот Брат
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


