| четврток, 6 декември 2018 |

И на дното доцниме

ZvezdeGrandaa

Здра­во, те­ве­фа­на­ти­ци. Зна­е­те де­ка е вре­ме за од­мор ко­га ду­ри „сур­фа­те“ низ ка­на­ли­те ќе ви­ди­те ва­ква рек­ла­ма – „Ѕвез­ди­те на Гранд и во Ма­ке­до­ни­ја“. Га­се­те те­ле­ви­зор. Га­се­те ин­тер­нет, до­ста е.

Кај во сѐ доц­ни­ме, па и во до­стиг­ну­ва­ње­то на дно­то сме со за­доц­ну­ва­ње од 10 го­ди­ни. Еми­си­ја ко­ја на со­се­ди­те им здо­деа тол­ку ду­ри да ја плу­ка­ат, по 10 се­зо­ни до­а­ѓа и кај нас, па уште и се рек­ла­ми­ра ка­ко – „Па, ма­ке­дон­ски на­ро­де, под­го­тве­те се за шоу со нас­лед­ни­ци­те на Та­ња Са­виќ, Сил­ви­ја Не­дељ­ко­виќ, Дар­ко Фи­ли­по­виќ, Сла­ви­ца Чу­кте­раш, Ду­шан Сви­лар, Дар­ко Ла­зиќ…“ Ко­пи-пејс им на­пра­ив на ими­ња­та, искре­но ја знам са­мо Чу­кте­раш. Ем што пре­зи­ме­то ме по­тсе­ту­ва на „чу­ка­ње“ ем на вре­ме­то се шу­шка­ше де­ка има­ла свин­ски грип. Тоа е, те­ле­ви­зор сум, полн со ва­кви тр­ту­шки.

Тр­ту­шки е при­сто­ен збор во спо­ред­ба со тоа ка­ко на­ци­о­нал­ни­те те­ле­ви­зии го на­ре­ку­ва­ат осом­ни­че­ни­от за убис­тво­то на де­вој­че­то од Ср­би­ја. Да ве по­тсе­там, дра­ги ко­ле­ги, спу­ште­те ја топ­ка­та, не сме во ин­ди­ско се­ло, стра­сти­те на стра­на и без „уби­ец“ до­де­ка не се до­ка­же спро­тив­но­то. Оста­на­ти­те не­ка смис­лу­ва­ат каз­ни од кои и Мен­ге­ле би се исп­ла­шил, од вас се оче­ку­ва по­ве­ќе. Тол­ку.

Малиот брат

Малиот Брат

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top