| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите грабнале четворица странци

katar fifa dzihadistiТерористите од групата Исламска држава (ИД) грабнале четворица странци во северниот сириски град Алепо. Заложниците биле однесени кон североисточната провинција Ракка, која речиси целосно е под контрола на ИД. Според американското онлајн издание на британскиот весник „Гардијан“, станува збор за две Италијанки, Јапонец и Данец. Нивните имиња не се наведени.

Италијанскиот весник „Република“ потсетува дека на крајот на јули во Алепо беа грабнати италијанските доброволки Ванеса Марзуло и Грета Рамели. Марзуло и Рамели, на возраст од 21, односно 20 години, создадоа хуманитарна програма за помош на сирискиот народ. Таа во Алепо развива хуманитарна дејност во областа на здравствената заштита и водоснабдувањето.

Жените беа грабнати во ноќта меѓу 31 јули и 1 август, кога вооружени мажи ја нападнаа куќата во Алепо во која доброволките живееја. Досега се претпоставуваше дека напаѓачите се обични криминалциа, а не припадници на ИД. Бројот на странци кои се наоѓаат во раце на џихадистите, со новите четворица заложници, веќе достигна 20.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top