
Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер ги повлекоа децата од училиште поради страв од труење.
Присли Гербер и Каиа Гербер оваа недела останаа дома затоа што во текот на испитувањата во нивното училиште „Малибу хај скул“ е пронајдено високо ниво на отровен полихлориран бифенил (ПЦБ) во масата околу училишните прозорци, објави „Фемили фрст“.
Во план е отстранување на масата што содржи отров, кој би можел да им наштети на учениците во училницата и редовно ќе се следи квалитетот на воздухот. Но, славната манекенка сака да биде внимателна и затоа нејзините деца останаа дома.
– Сакам да бидам сто отсто сигурна. Фрустрирана сум и разочарана од начинот на кој се пристапува кон таа ситуација. Мислам дека воздухот и водата треба да се тестираат секојдневно затоа што како поинаку би знаеле дали има промени. Како да знам кога училиштето ќе биде сигурно за моите деца да можат да се вратат? – прашува Синди.
ПЦБ хемикалиите се поврзуваат со ракот и можат да предизвикуваат многу проблеми на кожата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


