Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонските градежни компании се враќаат на странските пазари. Бројките говорат дека во првата половина од годинава македонските градежници договориле работа во странство за 27,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани, односно имаат ангажмани за нешто повеќе од 6 милијарди денари. Притоа, македонската оператива извршила градежни работи речиси за половина повеќе одколку предходно. Поточно, според ДЗС, биле извршени градежни работи во вредност од околу 10 милиони евра, што е за 41,8 отсто повеќе од првите шест месеци во 2013 година. Инаку, во првите шест месеци од тековнава година биле извршени повеќе градежни работи во Италија, Холандија, Бугарија, Швајцарија и Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


