Егзекуцијата на американскиот новинар киднапиран во Сирија укажува на потребата од координирана меѓународна акција против зголемениот број странски борци, кои им се придружуваат на екстремистите на Блискиот Исток, предупреди Интерпол.
Во денешното соопштение Интерпол истакнува дека смртта на Џемс Фоли ја отсликува „настраноста“ на групата Исламска држава (ИД) во Ирак и во Сирија и укажува на опасноста за некои други невини луѓе во тој регион.
Интерпол изрази сомнеж дека човекот што се појавува на видеоснимката од егзекуцијата на Фоли би можел да биде Британец.
Се претпоставува дека повеќе од илјада луѓе од Европа им се придружиле на екстремистите во Сирија и во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведените борци на ИСИС, МВР ги превзела на скопскиот аеродром
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)