| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО- за два дена во Западна Африка регистрирани 106 нови жртви од ебола

140404150128-01-ebola-in-west-africa-horizontal-gallery-564x272За два дена, 17 и 18 август, во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја регистрирани 106 нови случаи на починати од ебола, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Истовремено, бројот на новозаразени е зголемен за 221 лице.

Од декември минатата година, кога почна епидемијата на ебола, досега животот го загубија 1.350, а заболени се 2.473 лица.

Најтешка е состојбата во Либерија, каде за два дена од вирусот загинале 95 лица. Вкупниот број на жртви од ебола во земјата достогна 579 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top