| четврток, 6 декември 2018 |

Дури 70 отсто од младите во Албанија сакаат да емигрираат од земјата

102819527
Дури 70 отсто од младите во Албанија сакаат да емигрираат надвор од земјата, а за 80 отсто од нив најголем проблем е вработувањето, се посочува во студијата „Албанската младина 2011: Со верба во иднината и сомнежи во сегашноста“ изработена од Фондацијата „Фридрих Еберт“.

– Според бројките во студијата, 96 отсто од младите во Албанија не им веруваат на политиката и политичките лидери во земјата, 70 отсто сакаат да емигрираат надвор од земјата, а за 80 отсто од низ најголема загриженост предизвикуваат невработеноста и сиромаштијата, изјави директорот на Фондацијата, Франк Хантке.

Според него, како што јави дописникот на МИА, овие податоци „се чудни за една демократска земја“.

– Албанската младина  размислува на паралелен начин, нема доверба во политиката, а од друга страна се зачленува  во политичките партии само за да се вработи. Тоа потврдува какви проблеми има во Албанија, како што е невработеноста. Поврзаноста со политиката се гледа како сигурност за иднината, вели Хантке.

Студијата била изработена врз основа на истражување спроведено во текот на 2011 година, со кое биле опфатени поголем број млади луѓе на возраст од 16 до 27 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top