Дури 70 отсто од младите во Албанија сакаат да емигрираат надвор од земјата, а за 80 отсто од нив најголем проблем е вработувањето, се посочува во студијата „Албанската младина 2011: Со верба во иднината и сомнежи во сегашноста“ изработена од Фондацијата „Фридрих Еберт“.
– Според бројките во студијата, 96 отсто од младите во Албанија не им веруваат на политиката и политичките лидери во земјата, 70 отсто сакаат да емигрираат надвор од земјата, а за 80 отсто од низ најголема загриженост предизвикуваат невработеноста и сиромаштијата, изјави директорот на Фондацијата, Франк Хантке.
Според него, како што јави дописникот на МИА, овие податоци „се чудни за една демократска земја“.
– Албанската младина размислува на паралелен начин, нема доверба во политиката, а од друга страна се зачленува во политичките партии само за да се вработи. Тоа потврдува какви проблеми има во Албанија, како што е невработеноста. Поврзаноста со политиката се гледа како сигурност за иднината, вели Хантке.
Студијата била изработена врз основа на истражување спроведено во текот на 2011 година, со кое биле опфатени поголем број млади луѓе на возраст од 16 до 27 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија