| четврток, 6 декември 2018 |

Финскиот претседател Ниинисто меѓу Русија и Украина

ниинистоЕвропа и Евроазија се обидуваат да организираат средба меѓу украинскиот лидер Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин. Финскиот претседател Саули Ниинисто можеби ќе ја презеде улогата на посредник, кој ќе ги обнови контактите меѓу Киев и Москва, објави Би-би-си. Во написот се споменуваат средбите на Ниинисто со Путин во петокот, со Порошенко во саботата минатата седмица, а потоа и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, на кои била разгледана ситуацијата во Украина.

– Мировната мисија на финскиот претседател е спроведена со сигнали од Астана, Минск и Брисел, дека лидерите на двата сојуза – Царинска унија и Европска унија, сакаат да посредуваат за средба меѓу шефовите на држави на Украина и Русија.

Ниисто секој пат посочува дека негова главна цел е да постигне запирање на крвопролевањата во Југоисточна Украина.

Според аналитичари, Порошенко би сакал пред 24 август – Денот на независноста на Украина, да постигне сериозни воени успеси во операцијата против сепарастите, додава Би-би-Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top