
Македонци доживеале хорор за време за одморот во Торони, Грција. Настанот се случил на втората ноќ од престојот во туристичкото место на вториот крак.
– Бевме сместени во студио и додека спиевме, во 3:30, некој ни провали во собата. Јас одеднаш се разбудив и видов силуета од човек пред креветот како бара нешто во натказната. Собата беше многу мала и тој стоеше веднаш до креветот. Имаше многу мала светлина од надвор и видов дека човекот е висок црнец со подолга коса. Почнав силно да викам и го разбудив мојот дечко кој спиеше до мене. Тој веднаш скокна од кревет и почна да вика на цел глас. Ограбувачот почна да бега и прескокна многу висок ѕид и го снема во темнината. Толку бевме исплашени што има човек во собата и не знаеме што сака да ни направи што не ни помисливме дека нè ограбува – раскажува македонскиот пар за економски.мк
Предметите што провалникот се обидел да ги украде ги фрлил, најверојатно за полесно да избега. Сите соседи се вознемириле од викањето, а сопственикот викнал полиција која не била многу заинтересирана.
– Рекоа дека тоа често се случува, претходната ноќ се случило истото во Сарти, во Неа Мудања, и тн. Ние имавме многу среќа што се разбудивме, што човекот не нè повреди и ги фрли украдените работи. Кога се раздени се спакувавме и се вративме дома – продолжуваат тие.
UNODC, меѓународната статистика за овој вид криминал покажува континуиран пораст на провалите во станови во Грција.Од 6,320 провали пријавени во 2004, бројката нараснала на 27,569 во 2011, последна година за која организацијата има податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


