| четврток, 6 декември 2018 |

Проклетството на Венгер продолжува

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ни на почетокот на оваа сезона нема среќа бидејќи Кајрон Гибс и Јаја Саноги ќе пропуштат неколку натпревари поради повреди.

Гибс поради повреда на тетивата, која ја заработи на мечот против Кристал Палас, ќе отсуствува три недели, додека Саного се очекува побрзо да се врати на терен.

Венгер на натпреварот против Бешикташ во рамките од квалификациите за Лига на шампиони потврди дека ниту Пер Мертезакер нема да биде подготвен за да му помогне на тимот.

Се очекува наместо нив во стартната постава да влезат Начо Монреал, Чамберс и Жиру.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top