| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на убиецот на Лука: Син ми ништо не ми кажа за несреќата!

luka

 Марјана Марковиќ, мајката на убиецот на малиот Лука, вчера за Ало изјави дека не знаела што направил нејзиниот син.

– Објаснете ми за што се работи. Полицајците вчера ми го приведоа помладиот син. Не знаев за што станува збор додека не јавија на телевизија – вели мајката.

Мајката низ солзи вели дека нејзиниот син не вози таков автомобил, туку друг, кој е бел. Од сето тоа што го дознала ѝ се слошило, ѝ скокнал шеќерот и не може да се соземе. Вели дека дома живеат во хармонија и дека нејзините деца се деца на место.

– Не можам веќе да зборувам за ова, навистина не ми е добро. Не ни знаев дека син ми го променил презимето. Сето ова ми дојде одеднаш – вели таа за Ало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top