Австралискиот град Мелбурн е најзаспаниот град во светот, каде што луѓето дневно, во просек, спијат по седум часа и пет минути, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Волстрит џурнал“.
По него се Лондон, Денвер, Бризбејн и Париз, чиишто жители спијат просечно меѓу седум часа и две минути и седум часа дневно.
Најбудниот град во светот е Токио, каде што луѓето спијат просечно по пет часа и 46 минути дневно.
Меѓу најбудните градови се наоѓаат и Сеул, Дубаи, Сингапур и Мексико, чиишто жители спијат просечно меѓу пет часа и 55 минути и шест часа и 32 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


