
И денеска суво, сончево, и повторно умерено топло време. Според прогнозата на Метеопро ветерот ќе биде слаб, претежно од југоисточен правец.
Утрото повторно ќе биде свежо. Минималната температура ќе биде во границите од 10°С до 17°С
Максимална температура околу 29°С се очекува во северната половина на земјата, околу 28°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 32°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува сончево време. Минималната температура ќе се спушти до 15°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 30°С.
Во Охридско-Преспанскиот се очекува претежно сончево и пријатно време. Максималната дневна температура ќе достигне до 30°С.
Дојран очекува сончево време и не премногу топло време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


