| четврток, 6 декември 2018 |

Сончев вторник со температури до 32 степени

toplo

И денеска суво, сончево, и повторно умерено топло време. Според прогнозата на Метеопро ветерот ќе биде слаб, претежно од југоисточен правец.

Утрото повторно ќе биде свежо. Минималната температура ќе биде во границите од 10°С до 17°С

Максимална температура околу 29°С се очекува во северната половина на земјата, околу 28°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 32°С.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во скопската котлина се очекува сончево време. Минималната температура ќе се спушти до 15°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 30°С.

Во Охридско-Преспанскиот се очекува претежно сончево и пријатно време. Максималната дневна температура ќе достигне до 30°С.

Дојран очекува сончево време и не премногу топло време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top