| четврток, 6 декември 2018 |

Постигнат договор за продолжување на примирјето

bliski istokИзраелската и палестинската делегација во Каиро го парафираа договорот за продолжување на прекинот на огнот, изјавија вечерва палестински извори.

Пактот вклучува согласност за одредени прашања, додека за преостанатите ќе продолжи дискусијата.

Наскоро се очекува официјално соопштение, но официјални потврди засега нема ниту од едната, ниту од другата страна, објави израелскиот весник „Хаарец“ на својата Интернет страница.

Претходно договорениот петдневен прекин на огнот во едномесчениот судир истекува денеска на полноќ по локално време. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top