В.д директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес Флорентина Ристовска-Шурбевска реагираше на денешните обвинува испратени од компанијата „Екстра Меин“, а во врска со случајот листерија.
– На обвинителството е да цени и разгледува докази. Како тоа дури сега се сетивте вие од „Екстра Меин“ да проверите дека сте немале во тој маркет ваши производи. Не сакам да полемизирам, ама доколку јас бев сопственик, прво тоа ќе го проверев. Сопственикот нека одговори на новинарите, кога веќе ме прашува јавно, каде заврши вратената роба од промет. Дали беше ставена под 24 часовен надзор? Дали постои записник што се е вратено, кои производи, која количина, од кои маркети, кои лотови? Дали некој манипулирал со неа. Колку може да се верува дека испитувањата што се направени во факултетот за ветеринарна медицина се токму од истиот лот? Колку е тешко на машината да се отпечати ново ливче и да се залепи и прикажете дека е од таа серија, посебно ако кај вас е се – вели Ристовска-Шурбевска.
Таа прашува дали во „Екстра Меин“ ќе ризикуваат, примерокот што таа го чувала за суперанализа , да го даде на поделатна анализа. Половина да оди на натамошно испитување, а половината да им се даде на , како што вели, „вашите деца да го изедат“.
– Лично бев во вашата фабрика, знам дека немате внатре фарма на листерии, бактеријата влегла кај вас со суровина и или не сте ја уништиле со технолошкиот процес, некаде вашите работници згрешиле, или бактеријата е посебно отпорна. Зошто не побарате испитувања на отпорноста на бактеријата, што би ве ослободило од одговорност, ами уште подлабоко заглавувате со неосновани обвинувања,фалсификувања и инсинуации, вели Ристовска-Шурбевска која уште една изјавува дека не треба да се шпекулира, туку треба да се остават институциите да си ја работат својата работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.