
Хрватската пејачка Нина Бадриќ (42) веќе еден месец е во врска со младиот босански пејач Мирза Шолјанин, кој е 13 години помлад од неа
Како што наведуваат босанските медиуми, Нина и Мирза се запознале во 2011 година во финалето на музичкиот натпревар „Ѕвезда можеш да бидеш ти“, а ена година подоцна ја снимиле дуетската песна „Душе су се среле“.
Во меѓувреме тие станале добри пријатели и со текот на времето многу се зближиле, што дури и разликата од 13 години не била пречка да се засакаат.
– Нина често доаѓа во Сараево. Тие вешто ја прикриваат својата врска, се кријат од очите на јваноста за да не им тргне нешто на лошо. Кога Нина го запозна Мирза, беше убедена дека тој ќе победи во шоуто и со гордост заедно ја испеаја заедничката песна на сцена. Кога го реализираа дуетот, нивната дружба стана интензивна. Тогаш си разменија броеви за да се слушаат редовно. Честопати настапуваа заедно и сѐ повеќе се зближуваа, а за тоа не ни беа свесни – изјавил доброупатен извор и додал дека двојката се слуша секојдневно.
Многумина велат дека нивната врска нема да опстане затоа што премногу се ценат и почитуваат, првенствено поради работата. Бадриќ не била достапна за коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


