Манчестер јунајтед со сите сили се обидува да го ангажира фантастичниот играч за врска од редовите на Реал Мадридј Аргентинецот Анхел ди Марија.
Целиот трансфер би требало да изнесува огромни 120 милиони евра вклучувајќи ја и петгодишната плата за играчот.
Веднаш по поразот од Свонси овој викенд во рамките од првото коло на Премиерлигата новиот менаџер Луис ван Гал разговарал со директорот на клубот околу нови засилувања за новата сезона.
Првата желба на Ван Гал е Ди Марија, кој во овој состав на „црвените ѓаволи“ би требало да внесе креативност во нападот.
За да го придобие играчот, управата на Манчестер јунајтед е подготвена да му понуди 12 милиони евра по сезона, што е за четири пати поголема плата во однос на таа што ја зема во Реал Мадрид. Јунајтед со тоа би ја израмнил платата на Ди Марија со таа на Руни и на Ван Перси и би заработувал 250 илјади евра неделно.
Понудата до Реал гласи 60 милиони евра и, како што наведуваат од Манчестер, таа е последна без шанси за пазарење.
Луис ван Гал сака во своите редови да ги види и Дејли Блинд од Ајакс, кој нема да му прави проблеми за траснферот, само се чека официјалната понуда од Манчестер. На листата на желби уште се наоѓа и Маркус Рохо од Спортинг.
Сѐ помали се шансите Артуро Видал од редовите на Јувентус да прејде на островот. Јувентус за овој играч бара 50 милиони евра плус Нани и Чичарито Хернандез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)


