Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка по повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија:
„Дозволете, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз да ви го честитам Денот на Армијата на Република Македонија. Од голема важност се вашиот влог и придонес во безбедноста и стабилноста на државата, како чувари на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Партиципирањето на голем број припадници на АРМ во меѓународните мировни мисии, нѐ прави горди сите нас, како граѓани на Република Македонија, чијашто цел е мир во светот. Ви посакувам бројни успеси и во иднина, и со поддршката од сите нас, да ги оствариме заложбите за подобро општество и интегрирање на Македонија во евро-атланските структури“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.