| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и шестгодишно момче загина во сообраќајка кај Струмица

udovo

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 5.30 часот на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село. Се судриле товарно возило „мерцедес“ и автомобил „ауди А4“, двете со струмички регистарски таблички.

Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на „аудито“, Александар П. од струмичко Моноспитово. Повреди добил неговиот сопатник М.К., кој е пренесен во струмичката болница.

Полицијата сè уште извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top