| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Миличев, осомничен за убиството на Лука

ubiec na luka

Марко Миличев е возачот на „мини кантримен“ кој на Бранковиот мост во Белград го усмрти Лука Јовановиќ, соопшти министерот на српската полиција, Небојша Стефановиќ. Миличев е во бегство и се наоаѓа во Турција. На турските власти им е упатено барање за екстрадиција.

Против шест лица се поднесени кривични пријави за давање помош на извршителот после кривичното дело. Приведни се и одреден им е притвор до 48 часа. Полицијата и понатаму трага по самото возило и се очекува истото да биде пронадејно во близина на локацијата на која последен пат било видено.

Министерот Стефановиќ на денешната прес конферцнија рече дека полицијата има сигурни докази кои укжауваат дека Миличев е извршител на кривичното дело.

Несреќата се случи на Бранковиот мост на 25 јули, кога Лука Јовановиќ со пријателите се враќал дома по ноќно излегување. На мостот им се расипало возилото, излегле да го поттурнат, но во тој момент на нив налетал „мини кантримен“.

Возачот на „кантрименот“ не сопрел по несреќата, а Лука Јовановиќ почина следнот ден во Ургентниот центар.

Во изминатите денови се организираа протести на кои се бараше од полицијата да се открие сторителот на убиството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top