| четврток, 6 декември 2018 |

Поликсена Илиоска добитничка на државната награда „Мајка Тереза“

majka tereza

Поликсена Илиоска, претседателката на Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје, е годинашната добитничка на државната награда „Мајка Тереза“, соопштија од Министерството за култура.

– Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, во согласност со Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 16 јуни донесе одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2014 година на Поликсена Илиоска за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери – се вели во решението.

Наградата ќе ѝ биде врачена на добитничката на 26 август, во Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top