| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува 10. издание на Модниот викенд во знакот на силните бои

fw3

Во тек се подготовките за јубилејното, десеттото издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври и ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои.

Фотосесијата за новиот имиџ означи старт на подготовките за претстојната сезона есен/зима ‘14/’15 чие заштитно лице е моделот Моника Алексовска, која беше прогласена за најдобра манекенка на годинешното априлско издание на Модниот викенд.

wf1

Во центарот на вниманието на октомриската модна недела ќе биде заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиот минимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапенин минатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.

– Оваа есен/зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран твиги-стил – вели Зоран Шурбевски, кој се погрижи за шминката во соработка со „Авон“, кој е и официјален партнер за шминка на десеттото издание на Моден викенд.

За трендовите во однос на фризурата , познатиот стилист Бубе од фризерското студио „Бубе студио ин“ вели дека строгите линии ќе доминираат оваа есен.

skopje fw

– Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвремнска женственост – вели Бубе.

Креацијата во која е облечена Алексовска е на Виктор Цветановски, кој се претстави со капсулна колекција на априлското издание на Моден викенд Скопје.

фото: Ани и Дими

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top