| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишен Македонец кик-бокс шампион во Германија

Мајка му е струмичанка, татко му од беровско Русиново, а тој има само 8 години и е шампион во кик-бокс во Германија.

vodenski3

Како што пишува srumicadenes.mk, Кристијан е шампион во кик-бокс во Германија во неговата семи контакт и лајт контакт до 25 килограми. Негов најголем успех е победата на најголемиот светски турнир во бразилско џиу-џицу „НАГА“ од Америка, кој се одржа на 24 мај 2014 година, со што влезе во историја како единствен Македонец кој досега има победено на тој натпревар до 18 години.

Многу германски борци и тренери се заинтересирани за телентираниот Кристијан, но најголемата поддршка ја добива од својот татко којшто е каратист. Кристијан тренира 4 до 5 пати неделно во клубови во Германија, а негов личен тренер е татко му Ванчо Воденски.

vodenski1

Досега  учествувал во 48 борби, според статистиката во 40 борби е победник, во 5 има изгубено и 3 борби завршиле нерешено. Наредниот период ќе се натпреварува во Париз и доколку победи и на тој натпревар ќе биде единствениот македонски натпреварувач со 2 титули во „НАГА“ турнирите. Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Идол на Кристијан е Џорџ Сент Пјер, канадски натпреварувач во УФЦ, мајстор на карате и бразилско џиу-џицу. Кариерата на Кристијан може да ја следите на неговата официјална фан страна на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top