Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги отфрли секојдневните шпекулации во шпанските медиуми околу иднината на Анхел ди Марија и Сами Кедира.
– Преодниот рок за нас е готов. Нема да носиме други играчи, ама исто така, никој нема ни да го напушти клубот. Што се однесува за Кедира и Ди Марија, тие се играчи на Реал, рече Анчелоти.
Италијанскиот стручњак се осврна и на составот со кој „кралскиот клуб“ го освои трофејот во УЕФА Суперкупот.
– Одлучив на тој натпревар да играат да истрчаме со различен тим од стандардниот поради тоа што некои од играчите само што се вратија од одморот, потенцира Анчелоти.
Реал Мадрид во вторник го очекува уште една пресметка за трофеј. Ќе го игра првиот од двата натпревара со Атлетико Мадрид во рамките на шпанскиот Суперкуп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


