| четврток, 6 декември 2018 |

Цветков: Да се зачува охридската пастрмка

пастрмка

Зачувување на охридската пастрмка што е бренд за Македонија, ќе биде еден од приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што најави денеска ресорниот министер Михаил Цветков, по посета на риболовниот пункт на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ ќе бидат разгледани риболовните основи за зачувување и зголемување на рибниот фонд во езерата.
– Постојано слушаме дека охридската пастрмка, која е бренд за Македонија ја нема како порано. Со концесионерот разговаравме како да ја вратиме повторно во Охридското Езеро, што можеме ние како држава и Министерство да помогнеме и да направиме – изјави Цветков.
По средбата со претставник на концесионерот „Пастрмка 2012“ Танас Танасоски, министерот беше информиран и за начинот на работа и количините на улов, како и проблемите со кои се соочува.
– Концесионерот се соочува со условите дефинирани во риболовната основа. Тој треба да плати 12 милиони денари за шест години и да релизира улов од 12 тони пастрмка годинава. Но, вели дека не уловува ниту еден килограм, бидејќи ја враќа повторно во езерото за да го зголеми рибниот фонд. Треба да седнеме да ја измениме риболовната основа. Онаа риба што ја има за ловење е дадена во помали количини, а онаа што ја нема во поголеми – појасни Цветков.
И Танасоски потврди дека колилчините за улов не се реални и не соодветствуваат со фактичката состојба на риба во Охридското Езеро. – Сега ловиме само белвивица, која во лентиот период е во помали количини и крап, рече Танасоски.
Според инспекторот за рибарство и аквакултура Јован Бојчовски, бројот на рибокрадци во Охридското Езеро е намален.
– Со доделување на концесијата заштитата на рибниот фонд е во многу подобрена состојбата – истакна Бојчески.
Во насока на подобрување на состојбите ресорниот министер Цветков најави средба со сите концесионери и релевантни институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top