| четврток, 6 декември 2018 |

Модни правила за облекување

Ситните и ниски девојки по градба треба да имаат неколaку парчиња за облекување, кои се задолжителни во нивниот гардеробер, а тоа се: чевли со високи потпетици, од кои едни во боја на кожа, тенок ремен, тесни фармерки, екстра куси панталони и здолништа, маици во V израз, панталони со ниска половина, еднобојна облека

Чевлите со високи потпетици се најдобри пријателки на ниските и ситни девојки. Секако дека овие чевли не се најудобни, но помагаат да „пораснете“ на најбрз и најлесен начин.

Atraktivno101-2За среќа, чевлите со платформа и тие со полна петица уште се во мода, што значи дека е можно да се најдат удобни чевли со висока потпетица.

Има еден добар трик со чевлите со високи потпетици – ако носите кратко здолниште, облечете потпетици во боја на кожа. Целата комбинација визуелно ќе ве издолжи.

 

Atraktivno101-3

Тесните фармерки се ваши сојузници

Тесните фармерки се на ваша страна. Кога ќе одбирате фармерки, одберете со рамни ногавици, не со проширени.

Тесните фармерки се совршени за нагласување на ногата, а за ниските жени тоа е посебно важно бидејќи создаваат илузија дека нозете се подолги. Панталоните со ниска половина го издолжуваат вашето торзо. Важно е ногавицата да биде подолга, да ги прекрие чевлите, и така нозете ќе ви изгледаат подолги.

 

Кусите панталони се секси и практични

Ако сте високи 160 сантиметри или помалку, избегнувајте куси пантолони и здолништа до колена бидејќи тие не и одат во прилог на вашата фигура. Подобро е да „одиграте“ похрабро – покажете ги нозете во екстра куси пантолони. Истото се однесува и за здолништата.

Atraktivno101-4

Маици со V израз

Маиците со V израз се создадени за вас. Тие привидно ќе го издолжат вашиот врат и тоа на најдобар начин.

 

Atraktivno101-5

Тенко ременче на половината

Ако сте ситни по конституција, тогаш мора да внимавате да се не „загубите“ во облеката и во додатоците. Затоа треба да избегнувате широка облека и широки ремени. Подобар избор е тенко ременче со кое ќе ја нагласите половината, а ќе ги „стегнете“ туниката или фустанот.

 

Atraktivno101-6

Што треба да избегнувате?

За да изгледате повисоки, треба да избегнувате да носите макси-фустани, долги здолништа, чизми преку колена, широка облека, крупен накит, широк ремен, ниски чевли, панталони над глужд, куси јакни, куси маици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top