Чевлите со високи потпетици се најдобри пријателки на ниските и ситни девојки. Секако дека овие чевли не се најудобни, но помагаат да „пораснете“ на најбрз и најлесен начин.
За среќа, чевлите со платформа и тие со полна петица уште се во мода, што значи дека е можно да се најдат удобни чевли со висока потпетица.
Има еден добар трик со чевлите со високи потпетици – ако носите кратко здолниште, облечете потпетици во боја на кожа. Целата комбинација визуелно ќе ве издолжи.
Тесните фармерки се ваши сојузници
Тесните фармерки се на ваша страна. Кога ќе одбирате фармерки, одберете со рамни ногавици, не со проширени.
Тесните фармерки се совршени за нагласување на ногата, а за ниските жени тоа е посебно важно бидејќи создаваат илузија дека нозете се подолги. Панталоните со ниска половина го издолжуваат вашето торзо. Важно е ногавицата да биде подолга, да ги прекрие чевлите, и така нозете ќе ви изгледаат подолги.
Кусите панталони се секси и практични
Ако сте високи 160 сантиметри или помалку, избегнувајте куси пантолони и здолништа до колена бидејќи тие не и одат во прилог на вашата фигура. Подобро е да „одиграте“ похрабро – покажете ги нозете во екстра куси пантолони. Истото се однесува и за здолништата.
Маици со V израз
Маиците со V израз се создадени за вас. Тие привидно ќе го издолжат вашиот врат и тоа на најдобар начин.
Тенко ременче на половината
Ако сте ситни по конституција, тогаш мора да внимавате да се не „загубите“ во облеката и во додатоците. Затоа треба да избегнувате широка облека и широки ремени. Подобар избор е тенко ременче со кое ќе ја нагласите половината, а ќе ги „стегнете“ туниката или фустанот.
Што треба да избегнувате?
За да изгледате повисоки, треба да избегнувате да носите макси-фустани, долги здолништа, чизми преку колена, широка облека, крупен накит, широк ремен, ниски чевли, панталони над глужд, куси јакни, куси маици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст