| четврток, 6 декември 2018 |

Загина и 10-от Албанец во Сирија

sirija

На боиштата во Сирија е убиен уште еден Албанец, со што бројот на албански државјанин кои загина во оваа блискоисточна земја борејќи се на страната на исламистичките групи се искачи на десет.

Како што јави дописникот на МИА, станува збор за еден 24-годишник, кој загинал завчера кај Алепо. Тој бил познат под името „Ебу Дерда ал Шами“, што во превод значи „Синот на Дерда од Леванот“. Тој студирал во Саудиска Арабија, каде според неговиот чичко, и потпаднал под влијание на џихадистите.

Со последниот загинат, официјалниот број на Албанци од регионов кои ги загубија животите борејќи се во редовите на џихадистичките групи во Сирија и Ирак се искачи на 36, од кои сеедуммина се од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top