| четврток, 6 декември 2018 |

Металург вброи уште една победа над Вардар

Во финалето на меѓународниот ракометен турнир во Струга, ракометарите на Металург беа поуспешни од лутиот македонски ривал Вардар со 25-19.
Подмладениот состав на металурзите беше помотивиран во текот на целиот натпревар и заслужено ја одбранија титулата од минатата година.
Борозан, Липовина и Циндриќ беа нерешлива енигма за двата голмани на Вардар, Милиќ и Арпад Штербик.
На другата страна блескаше новото засилување на Лино Червар меѓу стативите Мирослав Коциќ. Репрезентативниот голман на Србија успеа да одбрани дури пет удари од линијата од седум метри, а имаше и неколку бравурозни одбрани во текот на целиот натпревар.
Иако Металург не настапи со неколку стандардни првотимци покажа дека има квалитет и следната сезона да игра една од главните улоги во Европа и секако во домашното првенство.
Вардарци ќе имаат време до почетокот на Лигата на шампионите во сезоната 20014-2015 да ги средат редовите и да се воиграат со новите играчи кои треба да ги оправдаат очкеувањата на нивните навивачи.
Вугринец беше најефикасен на теренот со седум голови, додека Лука Циндриќ постигна пет.
Кај „црвено-црните“ се истакна Карачиќ со шест погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top