| четврток, 6 декември 2018 |

Петти смртен случај од листерија во Македонија

Четириесет и шестгодишен неготинец, кој бил заболен од листерија, денеска почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Од Клиниката информираат дека пациентот бил хоспитализиран на 3 август со акутен гастроентероколит, кај кого со дополнителни испитувања е потврдена инфекцијата и на централниот нервен систем.

– Поради влошување на болеста, пациентот беше поставен на механичка вентилација. Во лекувањето покрај инфектолози, беа активно вклучени и анестезиолози од КАРИЛ. И покрај сите превземени тераписки мерки, состојбата на пациетот константно се влошуваше со несакан исход на болеста, се наведува во соопштението од Клиниката за инфективни болести
и фебрилни состојби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top