| четврток, 6 декември 2018 |

Силувано девојче од Штип, молчело девет месеци

Дванаесетгодишно девојче од Штип, по девет месеци и раскажало на мајка си дека било силувано од непознато повозрасно момче.

Девојчето решило да им каже на своите родители дека било силувано откако случајно го сретнало момчето на улица во близина на нивната куќа.

Според кажувањето на девојчето, во декември минатата година, пријавениот влегол во нивниот дом додека тоа било само, се нафрлил врз него и го силувал.

По ова, му се заканил на девојчето дека ќе го убие ако некому каже што се случило.

Мајката, заедно со детето, вчера го пријавила случајот во полиција, која по препознавањето, поднела кривична пријава против Ѓ.С. (32) за полов напад на дете помало од 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top