| четврток, 6 декември 2018 |

Шест митови за прељубата

Некои сфаќања за прељубата воопшто не се точни. Најчести митови за прељубата:

1. Двојката по прељубата не може да биде среќна
Неточно – По прељубата тешко може да се поврати довербата во партнерот. Но, доколку врската е заснована на љубов, разбирање, исти ставови… не треба да се отфрли. Треба да се разговара за причините за прељубата. Доколку не е последица на ненадминливи проблеми треба заеднички да се работи на врската. Често двојките по прељубата градат уште поцврста
врска.

2. Неверството се случува само поради секс
Неточно – Некогаш сексот „од страна“ е само „секс од страна“. Некогаш е последица на непромисленост или лош момент, а понекогаш и емоционална потреба.

3. Ако нема секс, тоа не е прељуба
Неточно – Во најголем број случаи при прељубата нема секс. Но, сепак има прељуба. Тајното допишување, излегувањето на пијалок или ручек без да знае партнерот е знак за прељуба и тоа емотивна.

4. До прељуба доаѓа поради проблеми во бракот или врската
Неточно – Прељубата не се случува поради проблеми, но може да се случи поради неусогласени мислења, како и поради недостиг на конверзација.

5. Тој кој извршил прељуба, повторно истото ќе го направи
Неточно – Има луѓе кои се склони кон врски од страна, но тоа не значи дека другите на кои тоа му се случило и сфатиле дека тоа е погрешно повторно ќе го направат.

6. Прељубата се врши со поатрактивни лица од партнерот
Неточнo – Навистина неточно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top