Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата од 25 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата до 33 степени.
Утре ќе почне да се спушта посвежа воздушна маса од север што ќе услови постепено опаѓање на дневната температура.
Ова особено ќе биде изразено во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, ќе има слаб локален дожд, а температурата ќе се спушти за околу седум степени во однос на денешната. Од понеделник температурата ќе биде во благ пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.