| четврток, 6 декември 2018 |

Руска воена акција во Украина ЕУ ќе ја смета за кршење на меѓународното право

Ukraina April 26Секоја еднострана воена акција на Русија во Украина, под каков било изговор, вклучувајќи и хуманитарен, ќе биде сметана како „отворено кршење на меѓународното право“, соопштено е денеска по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

На состанокот, кој беше претежно посветен на ситуацијата во Ирак, предупредено е дека ЕУ е се повеќе загрижена поради влошување на кризата во Источна Украина и нејзиното дејство врз цивилното население.

Во соопштението се истакнува дека ЕУ е подготвена да разгледа натамошни санкции кон Русија во согласност со развојот на ситуацијата на терен.

По извештаите дека руски вооружен конвој влегол во Источна Украина, ЕУ апелираше на Русија да стави крај на какви било непријателства во близина на украинската граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top